Генерален штрајк во Грција
Синдикати, федерации и здруженија на работници од Грција, за денеска закажаа генерален 24часовен штрајк што ќе ја парализира земјата.
Штрајкот, како што велат синдикатите, е одговор на планот на Владата, во Парламентот да донесе закон што содржи измени во законот за синдикатите, за колективните договори и здравственото осигурување и паралелно бараат покачување на платите и пензиите, постојани вработувања и запирање на приватизациите, jави дописничката на МИА од Атина.
– Правото на штрајк е последно оружје на работниците и мораме да го браниме со сите наши сили. Не може да се отстрани правото на сите за јавно здравствено осигурување и се бориме за владата, да не го донесе во Парламентот за гласање, законот за приватизација на дополнителното осигурување, соопштуваат од синдикатот на вработените во јавниот сектор на Грција, кои воедно се главните организатори на штрајкот.
Во 24часовниот штрајк учествуваат вработените во јавниот сектор, во државните болници, во здравствените центри и итната помош, како и службениците во банките.
Федерациите на вработените во образованието, ги повикуваа воспитувачите, наставниците и професорите да учествуваат во штрајкот.
Новинарите и вработените во приватните и државните медиуми од 12 до 15 часот ќе имаат тричасовен прекин на работа.
Бродовите од 6 часот утрово се закотвени на пристаништата, а проблеми има и во јавниот превоз во Атина, со оглед на тоа што автобусите тролејбусите учествуваат во 24часовниот штрајк, метрото ќе сообраќа од 9 до 21 часот, а трамвајот од 7 до 23 часот.
Во 11 часот по локално време, ќе се одржи протест во центарот на Атина.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок