Генерал Герасимов најави продолжување на руската офанзива во Украина
Командантот на руската армија, генерал полковник Валериј Герасимов, најави продолжување на руската инвазија во Украина со нови цели за есенската офанзива, и покрај повиците од Западот за преговори.
-Во моментов, нападите се во тек на целата линија на фронтот. Денеска ги дефинираме задачите на поединечните групи на вооружените сили за есенскиот период, рече Герасимов.
Според Герасимов, руската армија контролира 99,7 отсто од украинскиот регион Луганск, 79 отсто од Доњецк, 76 отсто од Херсон и 74 отсто од Запорожје. Како предуслов за прекин на огнот, Москва бара украинската армија да се повлече од целиот Доњецк.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрла овие барања.
Украина сè уште ги држи градовите Славјанск и Краматорск, кои се сметаат за важни одбранбени упоришта.
Рускиот преговарач Кирил Дмитриев ги обвини западните сојузници на Киев за продолжување на конфликтот со нагласување на нереални барања.
-ЕУ треба да престане да го саботира мировниот процес, нагласи тој.
Москва постојано ја отфрла можноста европските земји да испратат свои сили во Украина за да обезбедат спроведување на мировниот договор.
Од друга страна, европските земји ја обвинуваат Русија дека купува време за да изврши нови напади.
Ново на Сител
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
-
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина
-
Судењето за „Штекли“ продолжува со сведочење на вешти лица за психолошката состојба на Раде Трајковски