Генерал Акар: Турција нема територијални претензии кон ниту една држава
Турција нема територијални претензии кон ниту една држава, изјави денеска начачникот на Генералштабот на турската армија генерал Хулуси Акар.
Тој додаде дека трансграничната операција на Турција во северна Сирија се заснова на правото на Турција за самоодбрана.
- Трансграничната операција, преземена по обидот за воен удар на 15 кули, е многу важма за безбедноста и мирот на нашите граници, за народот на нашите соседи и за нашата земја. Турските вооружени сили и Република Турција немаат амбиции кон територијата на други држави, истална Акар во својот говор по повод Денот на ветераните.
Тој додаде и дека Генералштанот на турската армија има интерес за прочистување на своите редоци од „предавниците“ по обидот за пуч.
- Турската армија успешно ја извршува секоја задача и станува посилна откако армијата беше исчистена од предавниците, посочи Акар.
Начачникот на Генералштабот на турската армија наведе и дека ќе продолжи борбата против терористичките организации во „хармонија и координација“ меѓу жандармеријата, полицијата и така наречените селски чувари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани