Гејтс: Тестовите за коронавирус се промашување поради долгото чекање на резултатите
За еден од најбогатите луѓе во светот, филантропот Бил Гејтс, долгото чекање на резултатите од повеќето тестови за коронавирус во САД самото тестирање го прави целосно бесмислено и неуспешно, пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си.
-Повеќето тестови за коронавирусот во САД се целосно бесмислени, затоа што луѓето треба да чекаат долго за резултатите, изјави американскиот милијардер.
„Повеќето резултати се чекаат подолго од 48 часа, а ваквото тестирање е целосно промашено“, смета Гејтс.
Лабораториите низ целата земја доцнат со издавањето на резултатите од тестот за коронавирусот заради зголемувањето на бројот на пациенти. Многу пациенти чекаат од неколку дена до една недела за резултатите, наведуваат двете најголеми компании за лабораториски дијагностицирања во САД.
Просечното време на чекање за резултатите од тестот е над два дена за пациентите со најголем приоритет, соопшти компанијата Quest Diagnostics, додека за сите други надминува седум дена.
Бил Гејтс посочува дека тестовите, за чии резултати се чекаат повеќе од три, а понекогаш и до седум дена, не треба да чинат ни еден долар.
-Тоа е сулудо, рече тој.
Основачот на „Мајкрософт“ потенцира дека е неопходно да се направат приоритети и припадниците на најсиромашните слоеви на општеството, кои и онака се најмногу изложени на ризикот од заразување, треба резултатите да ги добиваат во рок од 24 часа.
Ново на Сител
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин
-
Токио: Одлуката на Бајден да ја блокира продажбата на „Ју-Ес Стил“ на јапонскиот „Нипон Стил“ е неразбирлива
-
Барселона доби одобрение од Ла Лига да ги регистрира Олмо и Пау Виктор
-
Ристески: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20 000 евра
-
Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал
-
Пиротехника пронајдена кај двајца малолетни Шпанци на скопскиот аеродром