Геј стана светски првак во супервелеслалом

Искусниот Канаѓанец, Ерик Геј, го освои златниот медал во супервелеслалом на Светското првенство во алпско скијање, кое во вторникот започна во Сент Мориц, Швајцарија.
Геј (35) ги изненади фаворитите, пред сите Норвежанецот Кетил Јансурд и со совршено возење, го забележа најбрзото време.
Канаѓанецот во целта имаше време 1:25.38 минути. Успехот на канада го комплетираше уште еден ветеран Мануел Озборн-Паради, кој денес наполни 32 години, тој во целта имаше трето време и го освои бронзениот медал.
Второто место го освои најголемиот фаворит Кетил Јансурд, кој зад победникот Гај задоцни 45 стотинки.
Ерик Геј во Сент Мориц го освои своето второ мундијалско злато, претходно тој во 2011 година на СП во Гармиш-Партенкирхен беше светски шампион во спуст. Во кариерата има пет победи во Светскиот куп, а во 2010 година го освои малиот Кристален глобус во супервелеслалом.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
