Македонија
5. April 2021 - 15:18

Заев: Се затвораат фитнес клубовите и обложувалниците

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека освен угостителските објекти кои се затвораат од 7 април, од утре се затвораат и фитнес клубовите, а од 7 април и обложувалниците.

„Целосна забрана за посетители во обложувалниците. Од утре целосна забрана и на фитнес клубовите, се забрануваат и семинарите, работилници“, рече Заев.