-->
-->
„Газпром“ со рекорден извоз на гас поради студот во Европа
-->
Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека дневните испораки на природен гас за земјите надвор од поранешниот СССР достигнале рекордно високи количества поради студеното време во Европа.
„Газпром“ денеска испорачал 615,5 милиони метри кубни гас за европските држави, подобрувајќи го вчерашниот рекорд за околу еден милион метри кубни.
- Достигнавме целосно ново ниво на извоз во услови на студено време, понизок обем на производство во Европа и поголема побарувачка на гас на енергетскиот пазар, изјави директорот на компанијата, Алексеј Милер.
„Газпром“ обезбедува околу една третина од гасот во земјите на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја