Македонија
21. August 2018 - 12:55

Газдата на базенот и спортската сала во Прилеп крадел вода од „Водовод“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Т.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

 При контрола од страна на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“-Прилеп, биле пронајдени диви приклучоци на четири објекти што ги користи Д.Т.У. Градски базен –„Маркови Кули Трејд“, „Маркови Кули Петрол“ и „Маркови Кули Трејд Спортска сала“, раководени од пријавениот, со намера да прикаже помало количество за наплата на потрошена вода.