Гаук: Ограничувањето на пристапот на бегалците во Германија не е неморално
Германија не може да ги прифати сите кандидати за азил, кои сакаат да почнат нов живот тука и не е неморално од страна на Берлин да го ограничи приливот, изјави денеска на Светскиот економски форум во Давос, германскиот претседател Јоаким Гаук.
Тој ги повика останатите европски држави да ја споделат со Германија одговорноста за бегалците.
Германија ја презеде најголемата одговорност за најмасовната бегалска криза во Европа од Втората светска војна. Локалните власти во многу делови на Германија соопштија дека имаат тешкотии во справувањето со приливот на бегалците.
Се зголемува и притисокот врз канцеларката Ангела Меркел да се откаже од политиката на отворени врати и дури и да ги затвори границите на земјата за нови мигранти.
Гаук, поранешен пастор во комунистичка Источна Германија, не ја поддржува оваа драстична мерка, но смета дека постои морална и политичка потреба од политиката за ограничување на бегалскиот прилив за да се создаде можнот земјата да се справи со оваа ситуација.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември