Гасол и официјално потпиша со Милвоки
Шпанскиот центар, Пау Гасол, потпиша договор со лидерот во редовната сезона на НБА – Милвоки Бакс. 38-годишниот ветеран го засили клубот како слободен агент откако го откупи преостанатиот дел од неговиот договор со Сан Антонио, за кој забележа 4,2 поени и 4,7 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Гасол игра во НБА од 2001 година. Тој, исто така, ги бранеше боите на Атланта, Чикаго, Мемфис и Лос Анџелес Лејкерс, со кого ја освои титулата во 2009 и 2010 година.
Шпанецот има 1.223 натпревари со просечни 17.1 поени, 9.2 скока, 3.2 асистенции и 1.6 блока. по натпревар Тој има 6 настапи на „Ол-стар“ натпреварот, откако еден од 18-те играчи во историјата кои ја преминале границата од 20.000 поени и 10.000 скока.
Милвоки е лидер во привремениот пласман на НБА во актуелната кампања со 48 победи во 63 натпревари.
Ново на Сител
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори