Гаши вети: Оваа година без молење во Собранието на седницата за Сребреница
Оваа година Седницата во чест на жртвите од Сребреница ќе помине без верски обреди и молитви, ветува собранискиот спикер Африм Гаши. Тој на брифингот пред новинарите утрово појасни дека е договорена ваква свечена седница во среда, Но овој пат, за да се одбегнат неприликите од минатата година, седницата ќе ја водел собраниски службеник, а Гаши ќе имал само пригодно обраќање. Истото го побарал и од невладините организации што ќе бидат гости на настанот.
На ланската седница за одблежување на 11 јули – Денот во чест на жртвите од Сребреница, претседавачката на седницата која доаѓаше од редот на невладините организации побара молитва во чест на жртвите. По повикот во верскиот обред среде седница на парламентот учестуваа спикерот Гаши, но и останатите муслимани што се најдоа во салата.
Ова беше причина остро да регаираат од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ според кои со вкавиот чин се нарушила уставно загарантираната секуларност на државата.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба