Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител

Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек.
-Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со политичката волја на полтичките партии. Знаете дека треба да се изгласа со мнозинство и со голем Бадентер (20 пратеници од заедниците). Ја користам оваа можност преку вас медиумите да упатам апел до сите политички партии да го одблокираме овој процес, да најдеме решение, да седнат политичките актери да најдат решение. Пред се да бидеме совесни кон една многу битна институција како што е Народниот правобранител. Би сакал тоа најбрзо што е можно да се случи и веднаш би ја свикал седницата. Точката е на дневен ред, ќе ја изгласаме за да може да функционира и во однос на повторените избори кои се на 11 јануари, рече Гаши.
Доколку не се најде политичка волја да се избере народен правобранител, Гаши вели дека треба да се најде алтернатива за други решенија. - Но, мислам дека не се исцрпени сите политички капацитети да се најде компромис и затоа повикувам уште еднаш овие денови да се седне да се најде решение и мислам дека немаме толку големи разлики за да не можеме да одлучиме кој ќе биде народен правобранител, рече претседателот на Собранието.
Комисијата за избори и именувања го предложи Фатон Сељами за народен правобранител. Владејачкото мнозинство има доволно гласови да биде поддржан овој кандидат, но нема доволен број пратеници за гласањето по Бадентер. Мнозинството располага со најмногу 14 гласови по Бадентер, а недостасуваат гласови од Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Зборувајќи за изборот на нови членови на Судскиот совет, Гаши рече дека тие ќе се бираат согласно новиот закон, што треба да биде донесен во вторник на 30 декември.
Во Собранието се уште не е формирана работна група за изборен закон и се уште нема јасен став дали ќе се работи на комплетно нов документ или дали ќе се земе предвид веќе готовиот драфт што го работеше работна група во Министерството за правда пред парламентарните избори. Гаши рече дека денеска ќе зборува со министерот за правда и оти работите ќе бидат појасни.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
