Гарет: Изборите се многу важни за Македонија и очекувам да се спроведат
Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет денеска изјави дека изборите закажани за 11 декември се многу важни за земјата и очекува да бидат спроведени.
- Не би го искористил епитетот оптимист или песимист во врска со моите предвидувања за изборите, би рекол дека сум многу задоволен што се постигна договор. Онаа придавка што јас би ја искористил во врска со изборите закажани за 11 декември е дека се многу важни за Македонија и навистина мислам дека ќе се спроведат, рече Гарет на новинарско прашање дали е оптимист или песимист во врска со закажаните предвремени парламентарни избори.
Британскиот амбасадор Чарсл Гарет и министерот за правда Валдет Џафери денеска потпишаа потпишаа меморандум за соработка меѓу владите на Обединетото Кралство и Република Македонија.
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
-
Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби
-
Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет ЕУ мора да промени некои работи за да ги одбрани своите вредности
-
Подигнати 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во општините Кисела Вода, Центар и Чаир
-
МЗ: Завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Мицотакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски
-
Калас: Трамп е во право дека ЕУ „не троши доволно“ за одбрана
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Кичево