Гарет: Договорот и го отвора патот на Македонија кон НАТО и ЕУ
Британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет денеска го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името посочувајќи дека тоа ќе го отвори патот Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции, кон ЕУ и НАТО.
- Тоа не е добор само за Македонија, туку и за регионот, рече Гарет по потпишувањето на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија .
Тој изрази надеж дека Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори на состанокот на Советот на ЕУ, а подоцна и покана за членство ов НАТО.
Британскиот амбасадор ја повтори изјавата на министерот за надовршени работи на Велика Британија, Борис Џонсон дека ова е фантастична вест и дека за постигнување на овој договор е потребно големо лидерство и политичка храброст, повикувајќи ги лидерите од двете земји да ги ползуваат бенефитите што договорот ќе ги донесе.
Амбасадорот Гарет исто така рече дека е особено важно да се посочи на поздравните пораки кои вчера дојдоа од светските метрополи како Лондон, Вашинготн, Берлин, од првите луѓе на ЕК и НАТО, како Могерини, Туск, Хан, Столтенберг...
Според него, овие пораки покажуват колку е добредојден овој развој на настаните
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата