Гардијан: Во Кина нови 4.988 случаи со Ковид-19, расте фрустрацијата меѓу популацијата
– Кина денеска регистрираше речиси 5.000 случаи на Ковид-19. Властите продолжуваат да се борат со високо преносливата омикрон варијанта на вирусот, додека фрустрацијата меѓу популацијата расте, јави Гардијан.
Како што наведува медиумот, по смртта на медицинско лице во Шангај, кое било одбиено за хоспитализација откако имало напад на астма, многумина се лути што мерките во земјата, се чини, предизвикуваат повеќе смртни случаи, отколку самиот вирус.
Денеска се евидентирани 4.988 нови случаи, со зголемен број на лица со асимптоматски инфекции, нешто што Кина го регистрира одделно. Грижите се зголемуваат во Шангај, град од околу 25 милиони луѓе, што евидентираше 1.609 нови случаи. Над 1.500 од нив се асимптоматски – остро зголемување од 979-те од претходниот ден.
Ново на Сител
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
