Гардијан: Путин им наредил на руските разузнавачки служби да овозможат победа на Трамп на изборите во 2016 година
Документи од Кремљ, до кои дошле новинарите од британскиот весник Гардијан, откриваат дека рускиот претседател Владимир Путин лично наредил тајни специјални служби за поддршка на „ментално нестабилниот“ Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година.
Документите покажуваат дека клучниот состанок зад затворени врати на Советот за безбедност на Русија се одржал на 22 јануари 2016 година, десет месеци пред изборите во САД, кога Путин и неговите шефови на разузнавачки служби и високи министри се согласија дека Трамп во Белата куќа ќе помогне во обезбедување на стратешките цели на Москва. Документите вклучувале и „социјални немири“ во САД и ослабување на преговарачката позиција на американскиот претседател.
Гардијан на наведува дека трите руски разузнавачки служби добиле наредба, согласно указот потпишан од Трамп, да изнајдат начини за поддршка на Трамп.
Од 22 јануари 2016 година, Трамп беше меѓу фаворитите во трката за номинација за претседател на Републиканската партија. Извештајот на стручниот тим на Путин препорача Москва да го искористи „целото можно влијание“ за да ја обезбеди победата на Трамп.
Во извештајот, „број 32-04“, се истакнува дека Трамп е „најперспективниот кандидат на Путин“. Во извештајот има и психолошка проценка на Трамп, кого го опишуваат како „импулсивна, ментално нестабилна и неурамнотежена личност, која страда од комплекс на инфериорност“.
– Императив е да се искористи секакво можно влијание за да се олесни неговиот избор за претседател на САД“, се посочува во извештајот, надевајќи се дека тоа ќе го дестабилизира американскиот социо-политички систем.
Гардијан ги покажа документите на независни експерти, кои ги потврдија како оригинални.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци