„Гардијан“: „Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм
„Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм, предвидува угледниот британски весник „Гардијан” во прогнозите на победниците во сите категории на годинашното доделување на наградите на Американската филмска академија што ќе се одржи утревечер во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.
Според Питер Бредшоу, филмски критичар на „Гардијан“, во категоријата најдобар документерец македонскиот филм „Медена земја“ ќе ги победи конкурентите: британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.
Во втората категорија во која е номинирана „Медена земја“ – Интернационален (странски/неанглиски) филм, Бредшоу предвидува дека Оскар ќе добие јужнокорејскиот филм „Паразит“.
Во оваа категорија во трка за златната статуетка се и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.
Церемонија на 92-то доделување на Оскарите во „Долби“ театарот во Холивуд почнува утревечер во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?