Ганц: секој напад на Хезболах врз израелските наоѓалишта на гас може да предизвика војна
Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска предупреди дека секој напад на либанскиот Хезболах врз израелските наоѓалишта на гас може да предизвика војна.
Предупредувањето на Ганц е одговор на заканата на лидерот на таа екстремистичка организација Хасан Насрала дека ќе му ги „отсече рацете на Израел“ доколку допре гасно поле во Средоземното Море. Тензиите се зголемија во јуни кога брод пристигна на гасното поле Кариш, за кое Либан тврди дека е во спорни води. Во јули, израелската армија собори четири дронови кои летаа во правец на Кариш.
На 9 август Насрала се закани дека „секоја рака што ќе посегне по тоа богатство ќе биде отсечена“, а минатиот викенд предупреди на „ескалација“ доколку барањата на Либан не бидат исполнети во преговорите за поморската граница со посредство на САД. Запрашан дали нападот на Хезболах на израелско гасно поле може да доведе до војна, Ганц за израелската радио станица 103 ФМ изјави потврдно. „Да, тоа може да предизвика реакција, да доведе до неколкудневни борби и воена кампања.
Ние сме силни и подготвени за тоа сценарио, но не го сакаме тоа“, рече Ганц. Тој најави дека извлекувањето од наоѓалиштето на гас ќе започне „кога ќе биде подготвено за производство“ и потврди дека Израел има право на Кариш. „Државата Израел е подготвена да го заштити својот имот и да постигне договор со либанската влада преку американски посредник за наоѓалиштето Сидон“, рече тој, мислејќи на друго гасно поле во Либан познато како Кана.
Тој изрази уверување дека во иднина ќе има две гасни платформи, едната на израелска, другата на либанска страна и дека пред тоа нема да има друг циклус на конфликти. Израел и проиранскиот шиитски Хезболах претходно војуваа еден месец во 2006 година. Либан и еврејската држава официјално се во војна, а членовите на ОН патролираат на копнената граница.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување