Ганц: Израелската армија се подготвува за какво било сценарио кон Иран
Министерот за одбрана Бени Ганц изјави дека израелската армија се подготвува за какво било сценарио, „вклучително и за едно во кое ќе мора да преземеме (оперативни) акции за да го спречиме Иран да добие нуклеарно оружје“.
Тој ја потенцира потребата Израел да соработува со своите сојузници за да се спротивстави на иранската закана.
– Иран е глобален и регионален проблем пред се, иако секако му се заканува и на Израел. Затоа мора да работиме заедно со нашите сојузници, со САД, со Европа и со нашите нови партнери на Блискиот Исток, истакна Ганц.
Претходно, шефот на израелската дипломатија работи Габи Ашкенази предупреди дека „иранската политика е декларација за намера да продолжи да развива скриени нуклеарни способности“.
Изјавите на на Ганц и Ашкенази уследија еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави извештај, во кој се наведува дека Иран произвел 17,6 килограми збогатен урануиум за 20 проценти.
– За Израел ова е закана што не може да се остане без одговор. Никогаш нема да му дозволиме на Иран да развие нуклеарно оружје, посочи Ашкенази.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени