Гана потврди дека го повлекла признавањето на Косово
Заменик министерот за надворешни работи на Гана, Чарлс Овиреду, потврди дека неговата земја веќе не го признава Косово, јави Танјуг.
Тој наведе дека за повлекувањето на признавањето на Косово со писмо официјално е известена и Србија.
-Владата на Гана одлучи веќе да не го признава Косово како независна држава, рече Овиреду и додаде дека одлуката за признавањето на Косово од 2012 година „сигурно била донесена со желба за мир и хармонија“, пренесе РТС.
Таа одлука денеска, сепак, се смета за избрзана и за прекршување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.
Според оваа резолуција, Косово се наоѓа под меѓународен протекторат и се смета за дел од Сојузна Република Југославија, чиј правен наследник е Србија.
Министерството за надворешни работи на Србија ја поздрави „важната одлука“ на Гана, која стана 16-та држава што го повлекува признавањето на Косово.
Косовски официјални претставници вчера демантираа дека Гана го повлекла признавњето на нивната држава.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети