-->
-->
(ГАЛЕРИЈА) Реал на „колена„ пред Барса среде Мадрид
-->
Реал Мадрид претрпе вистински дебалк пред своите навивачи на „Сантијаго Бернабеу’’, со убедливиот пораз од најголемиот ривал Барселона од 0-4.
Во првото големо дерби од новата сезона, популарното „Ел Класико’’, екипата на Барселона иако најголемиот дел од натпреварот го играше без својот најдобар фудбалер Меси, сепак каталонскиот клуб, доминираше во сите 90-минути, па на крајот Барселона и нејзините навивачи може да жалат што победата над Реал не беше уште поубедлива.
А, се започна уште во 11-минута, со голот на Лиус Суарез со кој гостите од Барселона најавија атак на трите бодови. До крајот на полувремето, Барселона веќе имаше два гола предност, откако во 39-минута, по одличната асистенција на Иниеста, Бразилецот Нејмар се запиша во листата на стрелците.
Истите двајца фудбалери беа во фокусот на вниманието и во 53-минута, но овој пат Иниеста го совлада домашниот голман Навас за 3-0 за Барселона.
Крај на сагата на Реал стави Луис Суарез со својот втор гол во 75-минута, поставувајќи ги конечните Реал Мадрид – Барселона 0-4.
Со оваа победа, и новите три бодови, Барселона сега има шест бодови предност во однос на Реал Мадрид кој останува на втората позиција на табелата, во исчекување на резултатите од останатите средби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај