„Галеника“ продадена на „Алеиус“ за 16 милиони евра!
Српскиот фармацевтски гигант „Галеника“ следната недела ќе биде продадена на луксембуршката фирма „Алеиус“, зад која стојат две бразилски компании - ЕМС и „Гронин“.
Тендерската комисија за спроведување на процедурата за продажба на капиталот на фармацевтската компанија "Галеника" денес ја прифати финансиска понуда од 16 милиони евра на Аелиус и ќе испрати предлог до Министерството за стопанство да склучи договор.
Оваа компанија беше единствената заинтересирана фирма, која ги исполни сите барања од тендерските условите за продажба.
На 1 септември, Министерството за економија на Србија објави тендер за продажба на 93,7 отсто од капиталот на „Галеника“, за почетната цена од едно евро со обврска на купувачот да уплати 25 милиони евра за покривање на банкарските долгови.
Обидите за приватизација на оваа некогаш моќна фармацевтска фирма пропаднаа на почетокот на оваа година, бидејќи руско-британскиот конзорциум „Фротиер-Петовакс“, кој беше потенцијален стратешки партнер, не успеа да постигне договор за превземање на долговите што „Галеника“ ги има кон комерцијалните банки.
Како што тврди весникот „Данас“, зад „Алеиус“ стои конзорциум од две бразилски компании - големата фармацевтска компанија ЕМС, која поседува само 25 отсто во луксембуршката фирма и сосема непозната „Гронин“ - со 75 отсто од акциите, зад која се шпекулира дека се крие еден српски контроверзен бизнисмен, со живеалиште надвор од границите на Србија.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах