Габриел: Светот се наоѓа во Студена војна - верзија 2.0
Министерот за надворешни работи на ГерманијаЗигмар Габриел денеска оцени дека светот се наоѓа во „студена војна верзија 2.0“.
Во интервју за германскиот весник „Билд“, Габриел предупреди дека светот се соочува со „нова фаза на нуклеарно вооружување“.
Габриел истакна дека односите меѓу Западот и Русија се во ново „ледено доба“ и се поголема е опасноста двете страни да натрупуваат оружје.
- Германија би требало да истапи и да се спротивстави на тоа, вели Габиел.
На новинарско прашање, кој е најлош меѓу тројцата претседатели - турскиот Реџеп Тајип Ердоган, американскиот Доналд Трамп или рускиот Владимир Путин, шефот на германската дипломатија рече дека им е заедничко тоа што преку демонстрирање сила се обидуваат да добијат почит.
Габриел оцени дека тие тројца на светот гледаат како на арена, како на бојно поле.
- Тоа е опасен развој на ситуацијата, оцени Габриел.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%