-->
-->
Габриел: Грците ги урнаа сите мостови
-->

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел не може да замисли како ќе се одвиваат преговорите со Грција по убедливата референдумска победа на тие што се против предлозите на меѓународните кредитори.
Габриел за весникот „Тагесшпигел“ изјави дека премиерот Ципрас и владата на СИРИЗА го водат грчкиот народ на патот кон горчлива безнадежност.
Заменикот на Меркел смета дека одбивањето на правилата на еврозоната ги прави нереални преговорите за програмата вредна милијарди евра.
Ципрас „ги урна сите мостови по кои Грција можеше да се движи кон компромис“, изјави Габриел, кој е лидер на втората најголема германска партија - СПД, која е во коалиција со ЦДУ на Меркел.
Канцеларката во врска со најновиот развој на грчката криза денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател Франсоа Оланд чија што земја по Германија е вториот најголем грчки кредитор. Предходно двајцата лидери изјавија дека резултатите од референдумот мора да се почитува и повикаа на специјален самит на еврозоната во вторник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
