ФЗОМ: Контактирани 3.120 хронично болни преку кол центарот
Десет тима на вработени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија изминатите три недели контактирале со 3.120 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531 осигуреник.
Од ФЗОМ соопштија дека комуникацијата со осигурениците се одвивала преку кол центарот на Фондот со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта и дека за краток период наишле на позитивен прием кај осигурениците кои ги контактирале.
Комуникацијата со осигурениците се одвива во рамки на Проектот на Владата „Фондот се грижи за хроничните болни“, кој предвидува вклучување на вработените од Фондот во грижата на хронично болните.
- Од досегашните јавувања увидовме дека осигурениците се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил. На наше изненадување, неколку осигуреници знаеле дека имаат болест, но не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање соодветна терапија. Сепак, по укажување од нашите вработени, овие осигуреници се согласиле посовесно да се однесуваат кон своето здравје и да ги слушаат препораките на лекарите, истакнуваат од ФЗОМ.
Осигурениците се интересирале и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се: остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување и барале дополнителни информации за лекови на позитивната листа.
Од ФЗОМ наведуваат дека нивни тимови составени од вработени од поголемите подрачни служби во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово им се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста.
Ново на Сител
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство