ФЗО: Почна исплатата и на аптеките, од утре средства на сметките
Исплатата и на аптеките е започната и од утре ќе имаат средства на нивните сметки, соопшти попладнево Фондот за здравствено осигурување, откако претходно денеска извести дека нивниот систем профункционирал и стартувала исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите.
По хакерскиот напад на институцијата со којшто беа оневозможени услугите Фондот објави дека ИТ-експертите ги финализираат процесите и функционалностите и оти речиси сите модули се ставени во функција.
Со тоа, посочи Фондот, започна исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разни рефундации.
- Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, соопшти ФЗО, најавувајќи дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ-системот, за евиденција на болничките услуги.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат