-->
-->
Футуристички бизнисмен на улиците на Скопје!
-->
Затрупаноста на главниот град Скопје со автомобили, честите блокади на сообраќајниците со протести и штрајкови се почесто ги принудуваат скопјани како превозно средство да го употребуваат велосипедот.
Го возат и стари и млади но денеска видовме ретка глетка, господин со велосипед, одело и кравата на улиците во н.Аердром и патем безгрижно си разговара на телефон.
Живко Здравковски поранешен спортски новинар а сега работи како дипломиран правник:
-Велосипедот ми е главно превозно средство од како знам за себе. Патувајќи порано по Европа на спортски настани среќавав луѓе од разни занимања и активности како елегантно облечени се возат по метрополите со велосипед. Таа слика ми остави впечаток и еве сега и јас во секоја пригода го користам велосипедот а бидејќи мојата работа ми налага дрес-код често го возам и со одело и кравата. Се разбира мобилниот телефон постојано ми ѕвони и така се навикнав да ги вршам разговорите додека ги вртам педалите што и ми го скратува времето на патување како во оваа прилика кога дојдов до н. Аеродром од н. Карпош каде што живеам. Им порачувам на сите да ги остават автомобилите и да прејдат на велосипеди. Мешаницата на скопските улици бргу ќе ги трансформира скопјани и токму вака ќе изгледа футуристички скопски бизнисмен тврди Здравсковски кој вели дека велосипед возат и неговите дечиња и дека со тоа и здравјето добива....
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ