-->
-->
Футсал: Македонија домаќин на Хрватска
-->
Македонската футсал репрезентација ќе одигра три контролни натпревари со репрезентацијата на Хрватска. Два дуела ќе се играат во спортска сала „Гемиџии“ во Велес на 24.март и на 26.март со почеток во 19 часот, додека во терминот од 17 часот на 25.март ќе се одигра дуелот спортскиот Центар „Форца“ во Скопје, кој ќе биде од затворен тип.
Натпреварите ќе бидат искористени како „тест“ дуели пред квалификациите што ги има футсал селекцијата на Македонија во Алмати (Казахстан) од 4. до 11. април. Покрај една од најдобрите футсал репрезентации во Европа, домаќинот Казахстан и нашиот национален тим на квалификацискиот турнир ќе настапат уште Чешка и Данска.
На списокот на селекторот Иван Божовиќ за овие три натпревари се повикани следните фудбалери: Антонио Петровски, Илчо Удовалиев, Влатко Петровски, Леонид Ристановски, Зоран Левески, Ферид Агуши, Даниел Де Соуза, Игор Леовски, Мартин Тодоровски, Драган Петровиќ, Таулант Исмаили, Адријан Мицевски, Садат Зибери, Александар Глигоров, Иван Крстевски и Еркан Сефари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата