Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
-

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари
-

Државата времено ги суспендираше плаќањата од ИПАРД 3 додека трае истрагата за Стоилев
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
-

Заврши 72-часовната генералка на Скопје
-

Јаневска побара превод од Касами, од Вреди реагираат дека требало да знае албански

