Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари
Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-
Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво
-
Австриски градоначалник убиен во напад, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот
-
Норвешка ќе купи американски противвоздушни ракети за 362 милиони долари
-
Дојави за поставени бомби во неколку сараевски средни училишта
-
Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција
-
Мицкоски за писмото од Ахмети: Не сум го видел - дневно добивам многу писма од граѓани
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка во Кочани
-
МЗ: Над 61.000 граѓани пријавени за вакцинацијата против сезонски грип, досега вакцинирани над 19.000