Функционер тврди дека САД го предупредиле Иран за терористичка закана пред нападот на ИД месецов
Американската влада приватно го предупредила Иран за терористичката закана пред смртоносниот напад на Исламската држава (ИД) на почетокот на овој месец во градот Керман за време на годишнината од смртта на воениот командант Касем Сулејмани, во кој загинаа речиси 100 луѓе, изјави неименуван американски функционер.ж
– Американската влада ја следеше долгогодишната политика на „должност да ги предупреди“ странските влади од потенцијално смртоносни закани. Ги даваме овие предупредувања делумно затоа што не сакаме да бидат изгубени невини животи во терористички напади, рекол неименуваниот функционер.
Џон Алтерман, директор на програмата за Блискиот Исток во тинк-тенкот CSIS во Вашингтон, рече дека предупредувањето може да ја одразува пошироката желба на САД за дијалог со Иран.
Ново на Сител
-
12 полицајци од Арачиново и Гази Баба со измислени прекувремени земале бонус плати
-
30 годишник ја претепал невенчаната сопруга и нивните деца, па ја заклучил во соба
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница