Фулбајт програмата претставена пред студентите на Државниот универзитет во Тетово
Претставници од амбасадата на САД во Македонија денеска на Економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово ја претставија програмата Fulbright Scholar (Фулбрајт Сколар) за студентите и академскиот кадар од оваа високообразовна институција.
Претставникот на амбасадата на САД Газменд Иљази освен програмите и стипендиите наменети за оние што се на постипломски и докторски студии информираше и за други образовни програми што им стојат на располагање на заинтересираните во текот на целата година.
- Оваа програма нуди постипломски студии за дипломираните студенти, но и за оние кои имаат запишано или се во тек на нивните мастер или докторски студии во Македонија или некоја друга држава. Овие кандидати може да аплицираат и за истражување во рамките на нивната магистерска или докторска тема во САД, изјави Иљази.
Интерес кај студентите има, а целта на ваквите активности е тие од блиску да ги добијат потребните информации.
- Фулбрајт програмата или поголемиот дел од стипендиите што се на нашата листа според моите инфорамции се спроведуваат тука од независноста на Македонија. Нам ни е важно да има поголем број заинтересирани за да можеме да ги избереме најдобрите студенти. И досега сме имале голем број студенти што во рамките на оваа и другите програми биле во САД и се вратиле назад, а целта е на сите заинтересирани освен она што го има како информацијa на официјалната веб-страна на амбасадата од прва рака да им ги дадеме бараните информации, рече Иљази.
Конкурсот за стипендиите програмата Fulbright Scholar што ги нуди американската амбасада е започнат од почетокот на месецов. Во следниот период вакви претставувања на програмите ќе има и на останатите универзитети во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа
-
ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори
-
Трамп: За мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“
-
СЗО: Регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост во Газа