ФУЕН изгласа резолуција на „Илинден“ за правата на Македонците во Албанија
Македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана, поради недостиг на финасиски средства не испрати свои претставници на на 61-от конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржа од 18 до 22 мај во Вроцлав, Полска.
Но, во својство на официјален член на ФУЕН го искористи правото да достави резолуција до Конгресот за правата на македонската етничка заедница во Албанија.
- Резолуција е изгласана со тајно гласање и ФУЕН ќе ја достави до Владата на Република Албанија и меѓународните институци. Имаме задоволство да објавиме дека ваква резолуција посветена на правата на македонското национално малциство за прв пат е усвоена на меѓународен форум, вели Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинден“.
Резолуција содржи шест точки со кои се бара:
1. Република Албанија да ја потпиши и ратификува повелбата на Советот на Европа за регионални и малцински јазици, дејствија кои албанската држава на нејасен начин и неодговорно ги одложува со години.
2. Прзнавање на Македонското национално малцинство на цела територија на Република Албнија.
3. Овозможување на припадниците на македонското национално малцинство во Голо Брдо и Гора да ги уживаат сите права што им припаѓаат на другите малцинствата, следствено и на македонското во Мала Преспа.
4. Учење на мајчин македонски јазик во државните училишта во областа Голо Брдо и Гора, како и на цела тертиорија на Република Албанија секаде каде што има значителен број на жители од македонско национално малциство.
5. Преиспитување на административната поделба спроведена 2015 година која македонското малцинство во Република Албанија ја смета за чекор назад во почитување на правата на македонското малцинство во Голо Брдо и Гора. Ова од причина што Владата на Република Албанија пред да почне административна поделба убедуваше дека општините каде што живеат малциствата нема да се бришат. Но, како многупати дотогаш, реалноста стана поинаква. Областите Голо Брдо и Гора, кои во административна поделба во 1913 година беа третирани како одделни административни единици беше избришана. Затоа пак, административна поделба спроведена 2015 година за овие области не исполни ниту еден критериум од критериумите што ги беше поставила Владата сама како што се демографски, географски, економски и културни. Згаснувањето на општините во Голо Брдо и Гора го отежнува животот на жителите од македонското национално малциство на областа Голо Брдо и Гора, кои сега само за да добијат еден обичен документ треба да патуваат два часа до новото општинско седиште. Македонското малцинство во Република Албанија бара во Голо Брдо и Гора повторно да бидат територијално обележени со по една општина и тоа: Општина Голо Брдо и Општина Гора.
6. Обезбедување финансиска поддршка од Министерството за култура на Албанија за кутурни и од Министерството за образование и спорт за задоволување на образовните потреби на македонското национално малциство во Република Албнија.
На Конгресот, на која е усвоена резолуцијата предложена од „Илинден“ присуствувале претставници на асоцијации на повеќе од триесет малцинства од 20 земји во Европа.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај