Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина
Членовите на фудбалскиот клуб Ретимниакос од грчкиот остров Крит, останале без нивната опрема, што ги вклучува и дресовите, додека со траект патувале кон Атина за одигрување натпревар од третата фудбалска лига на Грција, а торбите, како што објавија од тимот на Фејсбук, им ги украле патници од Романија, јави дописничката на МИА од Атина.
Опремата била украдена од специјалниот простор за багаж во траектот што сообраќал од градот Ираклио кон атинското пристаниште Пиреас, а Романците, како што објаснија од ФК Ретимниакос, „преправајќи се дека се членови на тимот, ги зеле торбите, ги натовариле во комбето со кое патувале и исчезнале во непознат правец“.
Фудбалерите натпреварот го одиграле со позајмени дресови од домашниот тим од Атина, а кусо пред завршувањето на дуелот, биле информирани дека опремата била пронајдена.
Ново на Сител
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола
-
Утре посвежо со локален дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и потопло