Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина
Членовите на фудбалскиот клуб Ретимниакос од грчкиот остров Крит, останале без нивната опрема, што ги вклучува и дресовите, додека со траект патувале кон Атина за одигрување натпревар од третата фудбалска лига на Грција, а торбите, како што објавија од тимот на Фејсбук, им ги украле патници од Романија, јави дописничката на МИА од Атина.
Опремата била украдена од специјалниот простор за багаж во траектот што сообраќал од градот Ираклио кон атинското пристаниште Пиреас, а Романците, како што објаснија од ФК Ретимниакос, „преправајќи се дека се членови на тимот, ги зеле торбите, ги натовариле во комбето со кое патувале и исчезнале во непознат правец“.
Фудбалерите натпреварот го одиграле со позајмени дресови од домашниот тим од Атина, а кусо пред завршувањето на дуелот, биле информирани дека опремата била пронајдена.
Ново на Сител
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила
-
Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил
-
Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина
-
Голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино
-
За влез и излез од државава се чека до 30 минути на граничните премини