Фудбалерот се врати од мртвите и повторно заигра за Болтон
Дали се сеќавате на Фабрис Муамбе: Младиот фудбалер кој пред 4 години беше клинички мртов 76 минути, сега повторно се врати на терен.
Иако станува збор за хуманитарен натпревар кој го организираше Болтон, но некогаш борбениот играч ја направи вистинската работа.
Во 2012 година сите љубители на фудбалот занемеа. Болтон играше против Tотенхем во ФА купот, а Муамба еднсотавно падна на теренот. Доживеа тежок срцев удар и лекарите водеа борба за неговиот живот. Месец дена беше во болница, а потоа мораше да го послуша советот од лекарите. Мораше да го остави фудбалот и спортот како премногу ризично. Ги закачи копачките и се посвети на работа со деца.
Четири години подоцна Муамба заигра фудбал. Истрча на терен и ги победи сите. Во игра влезе во 33. минута и дури успеа и да даде гол. Навивачите долго го извикуваа неговото име.
Фабрис секоја чест!
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството