Фудбалерите на Реал Мадрид добиваат високи бонуси ако го елиминираат Арсенал
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, им вети специјален бонус на своите играчи доколку успеат да го елиминираат Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Првиот човек на кралскиот клуб е задоволен од атмосферата по победата над Алавес и сакал дополнително да ги мотивира пред клучниот натпревар во сезоната со тоа што им ветил специјален бонус во случај да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Воопшто нема да биде лесно бидејќи Реал заостанува три гола од првиот меч, но мадридскиот клуб бил во слични ситуации и знаел како да го сврти резултатот во своја полза.
Слична ситуација имаше и на пресметката со Атлетико Мадрид, кога по пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, сите играчи добија бонус од по 250.000.
Флорентино Перез е познат како претседател со „широка рака“, па минатата година на секој играч му исплати бонус до 900.000 евра по победата во финалето на Лигата на шампионите, а играчите веќе добиваа високи бонуси за секој натпревар пред финалето, толку што шпанските новинари пресметаа дека секој играч добил преку два милиони евра само бонуси во Лигата на шампионите. Годинава тие бројки би можеле да бидат и поголеми, доколку бележат триумфи, се разбира.
Реал Мадрид во среда од 21:00 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Арсенал.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба