Фронтекс: За три месеци во Грција влегле речиси половина милиони бегалци
Во последните три месеци на 2015 година во Грција пристигнале речиси половина милион илегални имигранти, од кои половината тргнале понатаму преку Балканот на север, соопшти денеска Агенцијата на ЕУ за контрола на надворешните грамници - Фронтекс.
Фронтекс во периодот меѓу октомври и декември минатата година регистиррал 484.000 илегални минувачи на границата на „источномедитеранската рута“ од Турција до Грција, како и 466.000 на „западнобалканската рута“.
Во последниот квартал од минатата година вкупниот број на илегални минувачи на границите во ЕУ изнесувал 978.300, што претставува рекорден број откако Фронтекс води податоци од 2007 година, пренесува Танјуг.
Од оние кои дошле во Грција, 46 проценти навеле дека се од Сирија, а 28 проценти од Авганистан, додава Фронтекс.
Забележан е пад на приливот на имигранти од Либија во Италија, но и пораст од Мароко во Шпанија.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања