Фронтекс: Постои опасност од шверц на оружје од Балканот
Европската агенција за заштита на надворешните граници (Фронтекс) предупреди дека постои опасност од интензивирање на шверцот со оружје од балканските земји.
Како што објави виенскиот весник „Курир“, Фронтекст во свој извештај наведува дека во државите од просторот на некогашна Југославија „лесно може да се дојде до „Калашникови“ и бомби“.
Според проценките на Агенцијата, само на територијата на Босна и Херцеговина има околу 800.000 илегални парчиња оружје.
- Блиската соработка и размената на информации меѓу безбедносните служби е решавачка за борба против шверцот со оружје, оценува Фронтекс.
Агенцијата потестува дека во терористичките напади во Париз минатата година и во Брисел пред две недели терориситте беа вооружени со „Калашникови“ за кои посотојат индиции дека потекнуваат од Балканот.
- Проблемот со илегалната трговија на оружје од Балканот е познат веќе подоглго време, а Фонтекст сега укажува дека ризикот за шверц е зголемен со приливот на бегалците, наведува „Курир“.
Ново на Сител
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво