Фрлени 30 тони сол и ризла на улиците во Крива Паланка

На улиците и локалните патни правци во општина Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие се фрлени околу 30 тони сол и ризла, информираат од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка, задолжено за зимско одржување во општината.
Одговорниот за зимско одржување од ЈП „Комуналец“ Дејан Митровски изјави дека вкупно 25 тони ризла и 5 тони сол се фрлени на улиците во градот во текот на вчерашниот ден и ноќта.
- Најпрвин е интервенирано на приоритетните патни правци, на главната улица „Јоаким Осоговски“, пристапите до училиштата, здравствениот дом и угорнините во населбите Илинденска, Лозаново, Маневци, истакна Митровски.
За расчистување на улиците, продолжи Митровски, се ангажирани три возила, скип, трактор и соларка, од кои две се опремени со соларка и нож за отстранување на снегот.
- Редовно, неколку пати во текот на денот возилата се на терен и ги расчистуваат улиците од градскиот и приградски реон. Сите улици од прва зона се чисти, расчистен и прооден е патот до манастирот, а тековно се одржуваат и патните правци од зона 2 и 3, истакна Митровски.
Согласно годишната програма за зимско одржување на јавни отворени површини во Крива Паланка одвоени се финансиски средства во висина од окоу 550.000 денари.
Според информациите од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, утрово во Крива Паланка снежната покривка изнесувала околу 8 сантиметри.
Координаторот од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка Зоки Павловски, изјави дека на места висината на снежната покривка изнесува 5-6 сантиметри, додека на повисоките места околу 7-8 сантиметри.
- Сите патни правци се проодни, нема забрана за движење тешки товарни возила на патот кон граничниот премин Деве Баир, изјави тој.
Ново на Сител
-

Облачно со повремен снег
-

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
