Фрлени 185 тони сол на градските улици и булевари

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.
Како што информира денеска Град Скопје, екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
- Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, се вели во соопштението од Град Скопје.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
