Фрлени 185 тони сол на градските улици и булевари
Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.
Како што информира денеска Град Скопје, екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
- Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, се вели во соопштението од Град Скопје.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар
-
Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош
-
Руски напад во Запорожје: Убиена брачна двојка во село Омелник