Фрлена бомба врз женско училиште во Пакистан
Училиште за девојчиња е разнесено во северозападен Пакистан во првиот бомбашки напад врз женското образование по неколку години, неколку недели откако талибанците го презедоа Авганистан, јави ДПА.
Бомбата експлодирала доцна синоќа во училиштето во градот Тенк, кој се наоѓа во непосредна близина на Јужен Вазиристан, регион на границата со Авганистан, кој долго време служеше како база за милитантите поврзани со Ал Каеда.
Експлозијата делумно го уништи надворешниот ѕид и училница, изјави за ДПА службеникот во локалната полиција Муџиб Улах.
Никој не е убиен или повреден, а засега нема апсења, додаде полицаецот.
Ниту една група не ја презеде одговорноста, иако пакистанските талибанци имаа цел стотици женски училишта во регионот, пред да бидат потиснати во воените операции од 2014 година.
Пукањето во добитничката на Нобеловата награда Малала Јусафзаи во 2012 година и нападот врз училиште управувано од армијата две години подоцна во кој загинаа околу 150 деца беа најлошите напади на талибанците врз образованието во Пакистан.
Пакистанските талибанци го следат истото тврдокорно толкување на сунитскиот ислам како авганистанските соборци, но тие имаат различна организациска поставеност.
Нападот се случува неколку недели по преземањето на Авганистан од страна на талибанците, што според аналитичарите, ги охрабри исламистичките милитанти во Пакистан.
Авганистанските талибанци делумно го забранија образованието на девојчињата во Авганистан.
Пакистанските талибанци ги зголемија нападите врз безбедносните сили на земјата во нивните поранешни упоришта во близина на границата со Авганистан по падот на Кабул.
Само во август имаше повеќе напади дневно, вклучувајќи самоубиствени бомбашки напади и заседи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени