„Фридом хаус“: Македонија бележи напредок, но и натаму е делумно слободна земја
Македонија во изминатата година забележа напредок во политичките права и граѓанските слободи, но и натаму останува во групата на делумно слободни земји, покажува најновиот извештај американската невладина организација „Фридом хаус“ за слободата во светот во 2020 година.
На скалата од 1 (најлошо) до 100 (најдобро), земјава се наоѓа на 63-то место, што е за четири позиции подобро во однос на извештајот за 2019 година.
„Фридом хаус“ наведува дека „во Македонија лани се одржани фер и демократски претседателски избори, кои помогнаа да се поправи штетата од недемократското владеење на поранешниот премиер Никола Груевски“.
Од земјите во регионот, во групата на слободни држави се Словенија, Хрватска, Грција и Бугарија, а Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, БиХ се делумно слободни земји рангирани меѓу 53-то и 67-то место.
Од 195 земји во светот опфатени во анализата на „Фридом хаус“, 83 се означени како слободни, 63 како делумно слободни, а 49 неслободни.
Листата најслободни земји ја предводат Норвешка, Шведска, Финска и Холандија.
Најлошо позиционирани се Сирија, Јужен Судан, Северна Кореа, Саудиска Арабија и Либија.
Бројот на слободни земји годинава е помал за три проценти, а на делумно слободните и неслободните е зголемен за два отсто.
„Фридом хаус“ забележува пад на демократијата во целиот свет и тоа не само во земјите со авторитарни режими, туку и во држави кои имаат долгогодишна демократска традиција. Политичките и граѓанските права се загрозени, популистичките лидери и партии ги засилиле нападите врз независните институции, а во многу земји демократијата е под закана.
Ново на Сител
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
-

Боко Харам уби 23 војници во Чад
-

Трамп: Иран нема никакви шанси
-

Иран ги обвини САД за убиство на пет цивили во два трговски брода во Ормуската Теснина
-

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик, да го браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои
-

Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
