Фрида Лингстад од АББА родена како резултат на нацистички експеримент
По најавата за повторно обединување на легендарната шведска поп група АББА, медиумите објавија дека една од членките на бендот, Фрида Лингстад всушност дошла на свет како резултат на нацистички експеримент.
Медиумите тврдат дека Фрида се родила како дел од експериментот „Лебенсборн“, спроведуван врз основа на идејата на шефот на нацистичката СС, Хајнрих Химлер за создавање на ариевска раса која ќе владее со светот.
Фрида, чие вистинско име е Ани-Фрид, е родена во ноември 1945 година во рамки на проектот „Лебенсборн“ како дете на Норвежанка и германски благородник. Поради учеството во проектот, мајката и бабата на Фрида биле прогласени за предавници од страна на соседите во нивното село во северна Норвешка.
Медиумите посочуваат дека поради ваквото свое потекло и самата Фрида била изложена на страшни притисоци и имала трауматично детство. Така, еден локален рибар со нож и изгравирал кукаст крст на кожата, која многу години подоцна таа конечно успеала да го отстрани.
Поради ваквите притисоци, Фрида, заедно се нејзината мајка, го напуштила родното село и се преселила во Шведска, каде изгради успешна музичка кариера.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност