Фрчковски предложен за амбасадор во Обединетите нации, потврди Џафери
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска потврди дека професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски е предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк.
На денешната средба со медиумите, а потоа и во изјава, Џафери рече дека пристигнати се материјалите за Фрчковски, а кога ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за надворешни работи зависи од претседателот на Комисијата.
– Имам добиено материјал. Од Министерството за надворешни работи доставени се тезите на дотичното лице, се работи за професорот Љубомир Фрчкоски. Во соодветна процедура Министерството ги достави тезите на кандидатот и веднаш се доставени до претседателот на Комисијата за надворешни работи, но досега не е свикана седницата. Таа е во надлежност на претседателот на Комисијата за надворешни работи. Кога ќе реши тој да ја свика, тогаш би требало да биде, изјави Џафери.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска