Франгов направи увид во изградбата на неколку објекти
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска ги обиколи градилиштата на неколку комунални објекти на територијата на општината каде се уште активно се работи.
Франгов прво го посети селото Моин каде привршува изградбата на новата канализациска мрежа, а потоа беше и во Давидово каде што, пак, денеска почна изградбата на нова канализациска мрежа.
Гевгелискиот градоначалник за МИА рече дека двата проекти се реализираат во рамки на ИПАРД програмата за подршка на руралниот развој преку која се обезбедени 19,7 милиони денари, а пак од општинскиот буџет за истата цел се обезбедени 2,6 милиони денари.
Денеска Франгов беше во обиколка и на завршните работи од реализацијата на втората фаза на одводниот канал „Рауљ“ кој ќе биде целосно комплетиран со овие околу 1.100 метри од улицата „Индустриска“ до влезот во реката Вардар. Изградбата на одводниот канал е дел од ИПА проектот за кој од ЕУ беа одобрени 342.000 евра.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”