Франгов најави нови проекти за Гевгелија

Нов водоснабдителен систем, спортска сала, забавен парк и базен во рекреативен комплекс „Касарна", колекторски систем за прочистување на отпадните води, доуредување на инфраструктура за градење трговски центар и хотелски комплекси кај граничниот премин Богородица, се само дел од проектите што ги најави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ Иван Франгов.
Франгов нагласи дека „Ветено и сработено“ беше неговото мото изминатите 8,5 години.
- Ветивме дека со сите планирани проекти што ќе ги реализираме, ќе го поплочиме патот кон една нова Гевгелија која ќе го врати стариот дух и ќе ги врати насмевките на помладите и постарите гевгеличани. И тоа се случи. Со реализирани над 500 проекти, општина Гевгелија денес е пример за успешно и отчетно работење, општина со една од најниската невработеност во Македонија и една од најпосакуваните дестинации за живеење, истакна Франгов.
Ако ја добие довербата од граѓаните, предвидува, како што рече, доизградба на 14 училници во СОУ „Јосиф Јосифовски", доизрадба на осум училници во ОУ „Владо Кантарџиев", уредување на рекреативно излетничко место „Динќут", доизградба на западен булевар и негово поврзување со Моински пат, изградба на современа, времена депонија за неопасен отпад, изградба на Конска брана, доградба на училиштето во Прдејци и пренамена во детска градинка, изградба на канализациска мрежа во селото Милетково и населено место Смоквица, регулација на коритото на Сува река,...
- Ова се само дел од предвидените проекти од мојата програма. Ќе работиме со моите колеги-советници на посветен, отворен, позитивен и ангажиран начин за да ги оствариме сите проекти кои се наоѓаат во мојата и Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, зашто само така, со остварени дела, се сака Гевгелија, нагласи Франгов.
Ново на Сител
-

Мицкоски за предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш
-

Ученици од ООУ „Димо Хаџи Димов“ се пожалиле на стомачни болки, АХВ врши вонреден надзор во кујната
-

Приведен 43-годишен битолчанец, возел со 151 километар на час на место каде е дозволено 80
-

9 Колумбијки уапсени во гостиварско поради злоупотреба на туристичкиот престој
-

Гвардиола: Сити создаде повеќе шанси од Баер, но попусто
-

Малолетничкa киднапиpана од својoт поранешен дечко
-

Дончиќ постави клупски рекорд
-

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на патот Струга-Враништа
