Француските пратеници ќе можат да ги остават костумите и вратоврските дома
Бирото на француското Национално собрание официјално одобри пратениците да можат да присуствуваат на собраниските седници без да носат костуми и вратоврски, јави дописникот на МИА од Париз.

- Бирото на француското Собрание потсетува дека не постојат регулаторни одредби кои определуваат како треба да се облекуваат пратениците, со што, не е неопходно да се бара од пратениците од машкиот пол да носат костуми и вратоврски, се вели во извештајот од состанокот на Бирото.
Ваквата рсаправа беше покрената откако членови на партијата Бунтовна Франција на Жан-Лук Меланшон, се појавија на првата седница на новиот состав на Законодавниот дом без вратоврски, со образложение дека го отфрлаат „наметнатиот стил на облекување“.
Инаку, ниту една одредба од Деловникот за работа на Собранието не ја регулира како треба да бидат облечени пратениците, но Бирото имаше издадено упатство за „правила на однесување на јавните седници“.
Во упатството на Бирото од 9 јули 2008 година е наведено дека „е задолжителното носење на вратоврска во собраниската сала“, со цел „сите членови на Собранието во секое време да носат облека со која ќе почитува ова место“.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
