Француските командоси спречија терористички напад врз меѓународен форум во Мали
Француски командоси во Мали приведоа сомнителни терористи, кои подготвувале напад врз учесниците на 27-та средба на високо ниво „Африка-Франција“ во Бамако, пренесе ТАСС.
- Во Бамако беше спречен терористички напад. Француските специјални единици во северниот дел на земјата приведоа атентатори самоубијци, кои го подготвувале нападот, изјави извор од службите за безбедност на неименувана западна држава.
Информацијата беше потврдена од претставник на силите за безбедност на Мали, кој ја потенцира улогата на Франција во зачувувањето на безбедноста на форумот.
Не се прецизира бројот на приведени екстремисти.
Средбата „Африка-Франција“ се одржа на 13-14 јануари во престолнината на Мали. На неа учествуваа околу 30 африкански лидери, како и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски